недела, 14 декември 2025

Сведочења во Конгресот на САД за улогата на УСАИД и Сорос во настаните за промена на власта во Македонија, 2015-2017

Вистината за операцијата за промена на власта во Македонија во периодот 2015-2017 година, која беше еден вид државен удар, финансиски, медиумски, разузнавачки и политичко-дипломатски поддржан од странски центри на моќ, веќе не е само новинарска приказна во САД, туку стигна до Конгресот на САД, пишува на својот Фejсбук-профил, Никола Груевски, поранешн македонски премиер, веќе 5-6 години во егзил во Унгарија.

Објавено на

часот

Сподели

„Пред два дена, на 15 јули 2025 година, во Конгресот на САД се одржа сведочење во Поткомитетот за надзор, при Комитетот за судство, во Претставничкиот дом (Конгрес на САД), на тема ‘Како левичарските непрофитни мрежи ги искористуваат федералните даночни долари за да промовираат радикална агенда’. Снимката од расправата веќе ја има на интернет, и вчера, на 16 јули 2025 година, веќе е објавена во некои од македонските медиуми. Настапи Мајк Гонзалез, стипендист на Анџелес Т. Аредондо Е. Плурибус Унум и виш соработник во Центарот за надворешна политика ‘Даглас и Сара Алисон’, на Институтот за Национална безбедност и надворешна политика ‘Кетрин и Шелби Калом Дејвис’ и дел од Фондацијата Херитиџ“, појаснува Груевски.

На почетокот претставувајќи се себси при своето сведочење, Мајк Гонзалез, пред да започне да говори за дестабилизацијата на македонската влада во периодот 2015-2017 година, говорејќи за спрегата помеѓу Институтот Отворено општество на Џорџ Сорос и американската државна агенција за помош УСАИД ,која користела јавни пари на граѓаните на САД, напоменал дека тој со години пишувал за тоа како Џорџ Сорос и неговите фондации Отворено општество (ОСФ) и други прогресивни и радикални субјекти се здружуваат со владини субјекти на САД за да промовираат левичарски каузи во странство. Гонзалес навел дека „оваа спрега е во срцето на оваа расправа и во срцето на голем дел од она што ДОГЕ (DOGE) го направи откако претседателот Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари“.

Најинтересниот дел за Македонија е на страна 6 и страна 7 од извештајот каде се вели: “Џудикал воч (Judical Watch), исто така, пронајде докази за соработка помеѓу Стејт департментот и УСАИД со Сорос за финансиска поддршка на левичарските активистички групи во Македонија со цел дестабилизација на нивната влада. Помеѓу февруари 2012 и 31 август 2016 година, УСАИД ѝ даде 4.819.125 долари од даночните обврзници на Фондацијата Отворено општество (ФОО).

Џудикал воч, повикувајќи се на страницата на УСАИД, која повеќе не постои, рече дека ‘Интернет-страницата на УСАИД посочува на страницата www.soros.org.mk и вели дека нивниот проект обучил стотици млади Македонци на теми како што се: слободата на здружувањето, младински политики, граѓански иницијативи, убедливо аргументирање и употреба на нови медиуми’ “.

Мајк Гонзалес се повикува и на пишувањата на новинарот Виктор Гаетан, кој го опишал тоа како „програми финансирани од САД кои предизвикаа насилство во стилот на Сол Алински и етничка поделба, предизвикувајќи политичка криза која почна во 2015 година“.

 

„Активностите на Сорос, секако, не се ограничени само на Балканот, тој е активен ширум светот, од Монголија и Ирска до Гватемала и Кенија, каде што влијанието на ФОО ги обликува политичките исходи за да се усогласат со неговата глобалистичка идеологија. ФОО на Сорос потроши милиони за легализација на абортусот во места како Ирска, Мексико, Замбија, Нигерија и Танзанија, за декриминализација на дрогата во Африка и Латинска Америка, за промовирање мировен договор со нарко-марксистичките бунтовници во Колумбија кој граѓаните на таа земја го отфрлија на референдум, за залагање за трансродови права во Гватемала, за прикажување на Израел како прекршител на човековите права, и за легализирање на проституцијата низ целиот свет, меѓу многу други глобални иницијативи.

Тука во САД, Сорос, исто така, троши милијарди за да ја трансформира Америка по сите овие политички фронтови, бидејќи е исто така многу заинтересиран за обликување на нашата земја според неговите ставови. Тој финансира сè што е поврзано со прогресивни политики, вклучувајќи ги трансродовите програми и легализирање на помош при самоубиство. Сорос, преку своите фондации Отворено општество, го започна проектот ‘Смрт во Америка’, одделувајќи 45 милиони долари во текот на девет години за поддршка на еутаназијата“, вели Гаетан во своите анализи, на кои се повикува Гонзалес пред комисијата на Конгресот.

Врз основа на истражувањата на Гаетан, Гонзалес заклучува: „Но, се чини дека конзервативната влада на Никола Груевски во Македонија, која беше избрана во 2006 година, им падна во око на екипата функционери на Обама и Сорос, затоа што беше предводена од традиционална, христијанска партија – ВМРО-ДПМНЕ – која ги заоструваше законите за абортус и сакаше Македонците да имаат повеќе деца“.

„‘Станавме цел на Сорос затоа што сме конзервативна нација’, еден македонскиот пратеник му рече на новинарот Виктор Гаетан.  Сорос посебно се фокусираше на Македонија од почетокот на 1990-тите затоа што на неа гледаше како на ‘единствената мултиетничка држава што остана на Балканот’, вели Кони Брик од ‘Њујоркер’. Таа го цитира Сорос како рекол дека е потребно ‘да се откажеме од племенското…јас бегам од посебностите’.

Гаетан објаснува дека Сорос ја сметал Македонија како скапоцен пример за функционална мултинационална нација во регион каде што етничката припадност се користи за мобилизација на пеколен начин. Раните програми на фондацијата се насочувале на граѓанската улога и развој на медиумите, а потоа се прошириле на омилените теми на Сорос, како што се ЛГБТ-активизмот и правата на „сексуалните работнички’“, што се непопуларни теми, од интерес за малкумина, во земја каде што мнозинството верници ја следат Македонската православна црква. Сето ова било кажано на расправата на комисијата во Конгресот

.„ВМРО-ДПМНЕ е гордо словенска и православна, во земја каде што мнозинството е исто такво. Поддршката на Сорос за каузи како што се транссексуалноста и легализацијата на проституцијата, како и неговото оцрнување на патриотизмот и политиките за раст на семејството, ја отуѓија конзервативната балканска земја од два милиони жители. И поради поврзаноста на нашата влада со ФОО, тоа незадоволство се пренесе и врз нас. Тоа беше подарок за рускиот Владимир Путин, со кого некои конзервативни Македонци почнаа да флертуваат“, пишува Виктор Гаетан.

Понатаму, Гаетан открива дека на средба со Цветин Чилиманов, кого го опишува како „конзервативен коментатор и советник на поранешниот претседател Ѓорге Иванов“, му кажак дека откако Никола Груевски се сретнал со државната секретарка Хилари Клинтон и потпретседателот Џо Бајден во 2011 година и ги одбил нивните барања за промена на името на земјата, што Грција го сметала за реваншизам, „САД започнаа операција за промена на режимот, која вклучуваше координација на УСАИД со Фондација Отвореното општество’ “.

„Откако операцијата беше завршена во 2017 година, истрага на ГА откри дека во овој временски период, УСАИД потрошил 45 милиони долари за политички активности во Македонија. Во неколку наврати УСАИД ѝ доделил мултимилионски договори директно на Фондацијата Отворено општество Македонија или на FOSM(ФООМ) во соработка со Институтот за менаџмент Ист Вест од Албанија.

Координацијата помеѓу УСАИД и Фондацијата Отворено општество Македонија поттикна шест американски сенатори да напишат писмо во првата година од администрацијата на Трамп, 2017 година, барајќи истрага за оваа злоупотреба на парите на даночните обврзници. Тоа, исто така, го поттикна и мојот сопствен интерес – јас исто така почнав да пишувам на оваа тема во 2017 година“, вели Гаетан.

Од своите истражувања, новинарот Виктор Гаетан заклучува дека, Владата на САД и нејзините субјекти, вклучувајќи го и УСАИД, не се координирале само со здруженија финансирани од Сорос. Според него „постојат многу, многу левичарски групи низ целиот свет кои се подготвени да ги земат парите на даночните обврзници на САД, кои нашата влада толку великодушно ги дели“.

„Во 2014 година, во екот на годините на Обама, УСАИД ги здружи силите со ФОО, но исто така и со мрежата Омидјар (Omidyar), основана од технолошкиот милијардер Пјер Омидјар, уште еден богат поддржувач на многу прогресивни каузи, за да го основа здружението ‘Да направиме сите гласови да се слушнат’ (Making All Voices Count). Овој потфат проценет на 55 милиони долари ги додели своите огромни средства на 178 грантови за промоција на активизам во 13 области во Африка и Азија, пред да биде затворен во првата година од администрацијата на Трамп. Само во 2014 година, УСАИД ги здружи силите со цела мрежа на прогресивни фондации: Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, Фондацијата Форд, Фондацијата Рокфелер, Мрежата Омидјар, Фондацијата Макартур и, секако, Фондацијата Отворено Општество, кои се само некои од најважните вакви групи – за промоција на прогресивни каузи низ целата планета….”, пишува Гаетан.

Груевски пак наведува дека Гонзалес во своето излагање го кажал и следното: “Во Унгарија, УСАИД ја финансираше Фондацијата Отворено општество, која потроши 781 милиони долари меѓу 2016 и 2023 за реализирање на својата политичка агенда. Не смееме да заборавиме дека Унгарија е стратегиски лоциран американски сојузник, независно дали на либералите им се допаѓа нејзиниот проамерикански премиер или не. Истото се случи и во Македонија, каде како што ми посведочи советник на поранешниот, исто така проамерикански претседател Иванов, УСАИД и Фондацијата Отворено општество извршија операција за уривање на Владата. Од клучно значење е да се расформира оваа спрега. Претседателот Трамп тргна против левичарските универзитети, музеи, државните медиуми, а во американскиот Сенат денес се води војна против други институции кои ги перат тешко заработените пари на Американците за да вршат културолошки марксизам. Ја повикувам комисијата да спроведе темелна ревизија на работата на УСАИД и да открие како се трошеле парите на нашите даночни обврзници”, изјави Гонзалез, кој беше гласен критичар на постапките на администрацијата на претседателот Обама во текот на Шарената револуција.

Во дополнителиот тек на сведочењето, наведува Груевски, во разговор со конгресменот Ричард Гил од Тексас, Гонзалез посочил како американските дипломати често се среќавале и соработувале со опозициските партии во државите кои ги таргетирале, пред да се сретнат со официјалните владини претставници, и ги нарушиле американските национални интереси со своите политизирани акции, така што предизвикале контраефект кај мнозинството од граѓаните во државите во кои спроведувале обоени револуции.

„Ефектот на овие акции беше крајно негативен за нас, а полезен за Владимир Путин. Тој ефект придонесе проамерикански настроените Унгарци, или Гватемалци, или Македонци да почнат да се сомневаат во целите на Соединетите Американски Држави и да бараат други алтернативи“, констатира Гонзалес.

Исто така, Груевски наведува дека пред комисијата сведочел и Скот Волтер, претседател на конзервативниот центар ЦРЦ (CRC). Волтер, во дискусија со претседавачот на Комисијата за правосудство, конгресменот Џеферсон ван Дру од Њу Џерси, исто така сведочел за штетата која ја претрпеле американските надворешно-политички интереси поради потчинувањето на американската дипломатија на интересите на милијардерот Џорџ Сорос.

„Документи од организациите на Сорос јасно покажуваат дека имало незаконски активности, дека нивните пари се трошеле да се влијае на исходот на изборите во Европскиот парламент, што секако е во спротивност со законите за ограничување на политичката активност на вакви организации. Во нашиот следен извештај ќе покажеме како 80 милиони долари отишле во џебовите на невладини организации кои поддржуваат тероризам, што исто така би можеле да кажеме дека не е во согласност со правилата. Сорос има десетици, можеби стотици организации. Ја имате Фондацијата Отворено општество во Македонија, Фондацијата Отворено општество во Прага и така натаму. Овие организации добиваат пари од даночните обврзници, како и приватни пари од господинот Сорос, и како што објасни господинот Гонзалез, тие се подготвени да организираат уривање на влади и да решаваат кој ќе победи на изборите во Европа“, искажал Скот Волтер.

Конгресменот Ван Дру одговори дека „ова е опасна ситуација, многу веројатно незаконска, во најмала рака загрижувачка. Американскиот народ заслужува да знае за овие вознемирувачки информации“.

Во текот на сведочењето, експерти на Фондацијата Херитиџ образложија и други случаи каде администрациите на Обама и Бајден соработувале со фондацијата на Сорос и финансирале носење на илегални имигранти во САД, илегално финансирање на левичарски организации, политизирани активности против Израел, климатски мерки кои ја правеле Америка енергетски зависна од странски држави и промовирале ЛГБТ-активности, пишува поранешниот премиер Никола Груевски на својот Фејсбук – профил.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ