вторник, 20 јануари 2026

Судскиот совет закажа итна седница откако ОЈО ГОКК побара куќен притвор за судијата Ристов

Судскиот совет за денеска во 15:30 часот закажа итна седница откако Обвинителството за гонење организиран криминал (ОЈО ГОКК) до Основниот кривичен суд Скопје поднесе барање за определување на мерка куќен притвор за судијата во Апелацискиот суд Скопје, Ѓоко Ристов кој е осомничен за две кривични дела, противправно стекнување и прикривање имот и перење пари и други приноси од казниво дело.

Објавено на

часот

Сподели

„Судскиот совет ќе ја одржи 535-та итна седница на ден 20.01.2026 година (вторник) со почеток во 15:30 часот со предлог дневен ред, расправа и одлучување по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на предлог за куќен притвор“, се наведува во соопштението на Судски совет објавено на официјалната веб страница на Советот.
ОЈО ГОКК денеска информираше дека до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставило предлог на осомничениот судија Ѓоко Ристов да му биде определена мерка куќен притвор и дополнителни мерки за обезбедување.

„Денеска предметниот јавен обвинител од ОЈО ГОКК го сослуша осомничениот судија и му ги предочи прибраните докази врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил делата што му се ставаат на товар. Ценејќи ги објективните услови што е потребно да бидат исполнети за определување на мерка за обезбедување присуство, како и субјективните што истата ја оправдуваат, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител му достави предлог на осомничениот да му биде определена мерка куќен притвор“, пишува во соопштението на ОЈО ГОКК.

Освен оваа мерка, како што дополнуваат од ОЈО ГОКК, предложено е и определување на мерка на претпазливост, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ