недела, 21 декември 2025

Судски совет: Судиите се самостојни и независни во донесување на одлуките, судството да не се користи за политичка кампања

Судскиот совет на Република Македонија остро се спротивставува на користење на судството за дневно политичка кампања и нагласува дека судиите се самостојни и независни во донесување на одлуките и секое коментирање однадвор се смета за упад во судството.

Објавено на

часот

Сподели

„Судиите и покрај тоа што работат со ограничени човечки и финансиски ресурси даваат максимални напори за брза и ефикасна правда. Секој кој има сериозни индиции и докази за криминално и коруптивно однесување во судството, должен е веднаш да пријави до Судскиот совет и други надлежни органи, затоа што непријавувањето на истите претставува сериозно кривично дело“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Судскиот совет.

Судскиот совет, се посочува, како самостоен и независен орган на судската власт во иднина нема да се вклучува во коментирање на какви било политички изјави, а секогаш ќе реагира во насока за заштита на законитоста и независноста на судството

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ