„В. Д. претседателката изразува огромна благодарност до судската администрација која работеше во текот на викендот за да може судот да ја овозможи оваа услуга на граѓаните, за која заради зголемениот број на барања се чекаше подолг период“, се вели во соопштението од Кривичен суд.
Судот, уште еднаш, апелира до сите граѓани да ја користат електронската апликација за издавање на овие документи, преку порталот uslugi.gov.mk, кои на овој начин можат да ги добијат за еден ден.