„Заради тоа и во овој случај, иако како судство сме прозвани за донесената неправосилна пресуда за предметот познат како ‘Онкологија’ – донесена врз основа на признание на вина, Здружението на судии, ќе ги почитува правните стандарди и нема да даде свој коментар.
По однос ‘вечната тема’ платите на судиите во земјава, Здружението на судии јавно ќе ги обелодени фактите кои се проверливи и достапни за јавноста, а тоа е дека платите на најголем број на судии во Основните судови во РСМ, со фамозното ‘зголемување’ од 78 проценти, достигнува до 86.000 денари, а примањата на судските службеници се исклучително ниски и под просечната плата во РСМ. Ваквите плати на судиите и секако судските службеници се апсолутно најниските во регионот и пошироко“, се вели во реакцијата на Здружението на судиите на Македонија.






