сабота, 14 јуни 2025

Судењето за случајот „Адитиви“ ќе се одржи во затворот Идризово, почетокот е закажан за 29 мај

На 29 мај ќе стартува судењето за случајот ,,Адитиви”, информираа од Основниот кривичен суд. Со оглед на тоа што во овој случај има 37 обвинети судењето ќе се оддржи во новата судница во затворот ,Идризово.

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот на советот, судијата Даниела Димовска, ја закажа главната расправа за предметот КОК бр.73/25 познат во јавноста како ‘Адитиви’ за 29.05.2025 година (четврток) во 10 часот. Со оглед дека станува збор за предмет во кој има 37 обвинети лица, распрвата ќе се одржи во судницата во рамките на Затвор Идризово“, соопштија од Основниот кривилен суд Скопје.

Според обвинението, 37 физички лица и 5 фирми ќе одговараат за криминали во ЕСМ. Обвинетите се товарат за незаконска набавка на адитиви вредна над 6,5 милиони евра од мала фирма сопственост на братучетка на еден од поранешните директори на ЕСМ.

Несовесно работење, злосторничко здружување, злоупотреби при работењето и на постапка за јавен повик, перење пари се дел од кривичните дела за кои ќе се гонат во следниот период, а ќе се бара и конфискација на имот.

Меѓу обвинетите е и екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски кој е во бегство, а се бара и со меѓународна потерница, неговиот наследник Васко Стефанов како и екс директорите на РЕК Битола, Пеце Матевски и на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ и поранешните комерцијални директори на ЕСМ, Адријан Муча и Данчо Стојановски.

На крајот на април годинава, обвинителството ја прошири истрагата на уште три физички лица меѓу кои е и претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска која се сомничи дека му издавала службени тајни на поранешен директор на ТЕЦ Неготино кој исто така е обвинет во овој случај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ