понеделник, 8 декември 2025

Судењето за Беланоца/Барон за најтешките мафијашки случаи е одложено за септември

Фатљум Ајети Тоте, лидерот на криминалната група „Беланоца/Барон“, седна на обвинителна клупа заедно со уште осуммина членови на групата, обвинети за тешки кривични дела меѓу кои нарачани убиства, изнуди, закани, палење објекти и возила, како и здружување заради извршување на кривични дела. Но, овој голем судски процес денес не започна поради отсуство на тројца адвокати.

Објавено на

часот

Сподели

Од адвокатите денеска во Кривичниот суд не дојдоа Еленко Миланов, кој му е бранител на Фатљум Ајети, неговиот колега Јовица Страшевски, кој го застапува Гани Марку и Мерџан Даути ангажиран од Решат Исмани.

Како што беше кажано во судницата, Миланов бил на годишен одмор за што доставил и резервација што ја направил уште на пред неколку месеци, а идентична беше и причината за отсуството на Страшевски. Даути, пак, го информирал судот дека морал да патува во странство поради здравствената состојба на член на неговото семејство.

Судијката во тој контекст рече дека адвокатите биле должни за овие околности да ги известат своите клиенти бидејќи станува збор за притворски предмети за кои не важи судиската ферија.

„Станува збор за притворски предмет, а притворските предмети се работа и за време на судиската ферија“, рече судијката Јанчулева-Михаиловска.

Во обвинението се опфатени девет лица од групата Беланоца-Барон и уште една криминална група која нема формално име, но нејзините членови се дел од позната група во скопското подземје. Во истрагата за случајот беа опфатени и уште седум лица, но тие се недостапни за органите за прогонот, а дел се и починати поради што постапката за нив е прекината.

Обвинението против деветтемина што седнаа на обвинителна клупа денеска беше поднесено на 27 мај годинава. Тие се товарат за повеќе убиства од кои неколку двојни. Судењето продолжува на 4 септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ