На денешното рочиште одбраната на Димитриевски достави писмени докази од секторот за урбанизам. На рочиштето не присуствуваше повиканиот сведок од Општина Куманово. Одбраната за наредното рочиште предложи сведок од општината и две вешти лица, на што реагираше обвинителството, па судот не ги прифати. На наредното рочиште ќе бидат изведени завршните зборови.
На претходните рочишта кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски кажа дека го штити јавниот интерес на кумановци, не се чуствува виновен, додавајќи дека градбата предизвикува штета на детскиот диспазнер и на гимназијата. Сопствениците на компаниите „УПМ-ГРУП“ ДООЕЛ и „ХРОМАК Емил“ ДООЕЛ, сметаат дека градоначалникот ја злоупотребил функцијата, носејќи суспензија на Деталниот урбанистички план (ДУП) и побаруваат над 3,3 милиони денари.