Куќата во која живее е куќа на неговата покојна сопруга Азбија Мемедова, исто така посветен застапник за човековите и за детските права.
Намерата на Суад Мисини и неговиот син Исак е објектот во иднина да се користи како безбеден простор за жртви на семејно насилство, деца без родителска грижа и за лица во социјален ризик.
Мисини на својот фејсбук-профил повика архитекти и хумани луѓе да помогнат во обновата и приспособувањето на куќата и најави дека имињата на сите што ќе дадат поддршка ќе бидат поставени на самиот влез.
„Таа куќа ќе биде пристаниште за деца без родители и социјално загрозени семејства, жртви на семејно насилство и самохрани родители, значи вулнерабилни категории на кои Азбија го посвети целиот свој живот. Така и ќе продолжи.
Во тоа пристаниште, тие ќе најдат поддршка, активен одмор, еколошки хаб, најразлични обуки и отскочна даска за понатамошниот живот.
За ставање во функција на ова Пристаниште, потребна ни е иницијална донација од некој од моите знајни и незнајни пријатели архитекти. Имено, потребен ни е проект за рехабилитација на куќата, со што би можеле да ја започнеме реализацијата на оваа цел.
Знаеме дека нема да биде лесно ниту брзо, но ние ќе успееме во нашата замисла.
И сè додека дишеме, таа ќе ја остварува својата цел.
Влезот на ова Пристаниште ќе го красат имињата на сите оние кои конкретно ќе придонесат за неговото ставање во функција.
Ви благодарам на сите кои ќе помогнете.
Во Македонија, и надвор од неа.
А можете сите, макар и со споделување на оваа објава.
За конкретен придонес, пишете ми во порака или јавете се – мојот број лесно ќе го најдете“, напиша Мисини.







