среда, 28 јануари 2026

Студентите од Универзитет Скопје во посета на саемот за туризам во Мадрид

Студентите на Универзитет Скопје остварија значајна академска посета на седиштето на Светската туристичка организација (UN Tourism) во Мадрид.

Објавено на

часот

Сподели

Студентите беа пречекани од директорот за иновации и едукација, Антонио Лопез де Авила. Ректорот на Универзитет Скопје проф. д-р Аце Миленковски, ги запозна студентите со членството во оваа престижна меѓународна организација, истакнувајќи ги придобивките, можностите и престижот од тоа што Универзитетот е единствена членка од Македонија.

Во рамки на активностите на престижниот Меѓународен саем за туризам „FITUR ” во Мадрид, Ректорот на Универзитет Скопје, професорите и студентите, го посетија и штандот на нашата Република Македонија. Посетата беше збогатена со присуството на Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, со кого студентите имаа можност да поразговараат за промоцијата на македонската култура, туризам и културно наследство на меѓународна сцена. Ова искуство претставува значаен поттик за младите академци и уште една потврда за важноста на поврзувањето на образованието со реалните културни и туристички практики.

Студентите од Универзитет Скопје, во текот на посетата на саемот за туризам „FITUR”, имаа можност директно да комуницираат со изложувачите, да присуствуваат на професионални презентации и одблиску да се запознаат со начинот на функционирање на меѓународниот туристички пазар. Ова искуство им овозможува практични знаења, нови перспективи и вредни контакти кои ќе бидат значајни за нивниот иден професионален развој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ