„Годината ја започнуваме со добри вести! Денес, 1 јануари, започнува примената на законот што ја става сезонската и привремената работа во јасна законска рамка, што значи помалку сива економија. Студентите и пензионерите сега можат да се ангажираат во сезонска и привремена работа без страв дека ќе ги изгубат правата или бенефициите што им следуваат“, пишува во објавата.
Дурмиши посочува дека мерката е знајачна бидејќи им овозможува на граѓаните да заработуваат со достоинство, им помага на бизнисите полесно да најдат работна сила, го формализира пазарот на труд и ја намалува сивата економија.
Од денеска, потсетува Дурмиши, почнува примената и на Законот за финансиска поддршка на инвестициите којшто, како што стои во објавата, има за цел да ги стимулира квалитетните инвестиции, да поттикне отворање нови работни места и да ја зголеми конкурентноста на економијата.






