Минималната температура е во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.
Во Скопје, сончево и студено со умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Најстудено утрово е на Попова Шапка, -15 степени. Како што информира УХМР, -14 степени се измерени во Берово, -12 во Mаврови Анови, Kрушево, Крива Паланка и Битола, -11 во Претор и Охрид, -10 во Скопје – Петровец, Прилеп, Тетово, Демир Капија, Велес, Штип и Пожаране, -9 во Струмица и Ѓуриште, -8 во Скопје – Зајчев Рид, Виница и Кавадарци и -4 степени во Гевгелија.






