Најниска темпратура утрово е измерена во Маврови Анови, Берово, Крива Паланка, Демир Капија – 8 Целзиусови степени, во Крушево -7, во Куманово, Штип и Скопје-Петровец – 6, во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Виница, Прилеп – 5, во Кавадарци, Битола, Охрид и Претор -4, во Велес -3, во Дојран 0 и во Гевгелија еден степен.
Во Скопје денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утре времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од -1 до 6 Целзиусови степени.






