недела, 14 декември 2025

Стружани се гушат, Министерството за животна средина вели, општината е надлежна за депонијата во Струга

Во врска со ситуацијата со депонијата во Струга, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) вели дека Општината има должност редовно да ја одржува и чисти, со цел да се спречат дополнителни еколошки и здравствени ризици и да се обезбеди минимален стандард на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните. Со герила акција, граѓански активисти од Струга доцна синоќа ја осветлија општинската зграда со натписи за чист воздух и вода. Стружани за в петок најавија протест што на кружниот тек на влезот од градот од 14 до 15 часот.

Фото: Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за животна средина и просторно планирање, нагласуваат оттаму, останува достапно за поддршка во рамки на своите надлежности, но одговорноста за редовното управување и одржување на депонијата е на локалната самоуправа.

„Министерството за животна средина и просторно планирање потсетува дека управувањето со комуналниот отпад е законска обврска на општините. Согласно Националниот план за управување со отпад 2021–2031 и регионалните планови, општините се должни да обезбедуваат собирање, транспортирање, селекција и расчистување на отпадот на нивната територија. Во моментот се работи на воспоставување на регионален центар за обработка и систематизирање на отпад, кој ќе обезбеди трајно и системско решение за управување со отпадот во регионот. Сепак, додека овој центар не биде изграден и ставен во функција, општина Струга има должност редовно да ја одржува и исчисти постојната депонија, со цел да се спречат дополнителни еколошки и здравствени ризици и да се обезбеди минимален стандард на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните“, се наведува во соопштението од МЖСПП.

Со герила акција, граѓански активисти од Струга доцна синоќа ја осветлија општинската зграда со натписи за чист воздух и вода. На зградата беа проектирани паролите „Нема воздух, нема вода, нема живот“, „Воздух или смрт“, „Сите се труеме“, „Струга се суши“, „Чист воздух е право, а не привилегија“.

Стружани за в петок најавија протест што на кружниот тек на влезот од градот од 14 до 15 часот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ