вторник, 13 мај 2025

Струмица ќе го намалува загадувањето со план за подобрување на квалитетот на воздухот

Со План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух Општина Струмица ќе го намалува загадувањето за период 2025-2029 година. Планот, кој го подготви „Центарот за климатски промени“, предвидува 20 мерки за намалување на аерозагадувањето, а по нив денеска се дискутираше на јавната презентација и јавната расправа.

Објавено на

часот

Сподели

Мерките се поделени според годишните времиња и за секое годишно време, во зависност од тоа какво загадување се појавува во тоа годишно време, такви мерки и се предвидени да се применуваат, односно да се применуваат цела година. Општина Струмица има има голема реализација во однос на преземање мерки против загадувањето, посебно лани и од почетокот на годината, кога беа изречени повеќе казни и важно е што граѓаните стануваат свесни за загадувањето, смета Филип Стојановски од „Центар за климатски промени“.

Според него, мерките се во ингеренциите што ги има Општината, бидејќи тоа е локален план за намалувањето на загадувањето на воздухот.

-Мерките се насочени таму кадешто Општина Струмица сама може да влијае на спроведување на мерките-со донесување на буџет, следење на индикаторите или мерката како напредува и тоа ни беше многу битно мерките да не бидат зависни од државата. Ако се зависни од неа, тогаш дел од мерките нема да можат да се спроведат, бидејќи Општината нема ингеренции да ги спроведува, додаде Стојановски

Според планот се предвидува во 2029 година воздухот во Струмица да биде чист како на планина, но, покрај локалната самоуправа, треба сите граѓани секојдневно да даваат личен придонес во намалувањето на загадувањето на воздухот.

Инаку, Планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух Општина Струмица за период од 2025-2029 година е подготвен во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ кој го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Република Северна Македонија во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Струмица, а со финансиска поддршка од Шведска .

Во рамките на проектот во изработка е и Студија за загадувањето во Општина Струмица од страна на УГД „Гоце Делчев“-Лабараторија „Амбиком“, а како последна фаза од целокупниот проект за справување со загадувањето се одржаа две форумски сесии на кои се изгласа проектот за зголемување на површини со зеленило кое може да го намали присуството на азот диоксид до 40 отсто, додека намалувањето на ПМ честичките може да достигне 60 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ