понеделник, 15 декември 2025

Стручна поддршка од Велика Британија за јакнење на капацитетите на јавните обвинителства во Македонија

Јавниот обвинител на Република Македонија, Љупчо Коцевски заедно со неколкумина јавни обвинители одржаа работен состанок со тим од Програмата за јакнење на демократијата во Западен Балкан и Британската амбасада во Скопје, предводени од Ник Хокинс, тим лидер и поранешен Крунски јавен обвинител на Обединетото Кралство и експертот Калум Кокс, долгогодишен адвокат, судија и јавен обвинител во Велика Британија.

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот, кој како што информираат од ЈОРМ, се одржал вчера, биле разгледани можностите за британска стручна поддршка и помош за македонските јавни обвинителства преку Програмата за јакнење на демократијата во Западен Балкан, која се спроведува во пет земји од Западен Балкан: Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово и Србија.

Програмата опфаќа четири компоненти: зајакнување на судските институции, носење на независни обвинителски одлуки, подобрена транспарентност, јавен пристап и подобрена практика на изрекување казни како и подобрено управување и одговорност.

Коцевски, се наведува во соопштението, ги запознал британските експерти со состојбите во Јавното обвинителство, како и со нагласениот фокус на јакнење на истражните центри на обвинителството и на борбата против организираниот криминал и корупцијата.

На работниот состанок, шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази, првиот човек на најголемото основно јавно обвинителство во државата – ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски и претседателот на Здружението на јавните обвинители, јавниот обвинител во ЈОРСМ, Елвин Вели подетално со британските експерти разговарале за сите клучни активности во кои би можела да биде искористена британската стручна помош.

Притоа, како основен чекор во рамките на проектот беше усогласено финализирање на методологијата за проценка на сложеност на предметите. Исто така преку програмата ќе бидат опфатени и структурирани обуки за јавни обвинители за повеќе конкретни теми. Воедно, дел од програмата ќе опфати и директно мент

орство во сложени предмети со цел согледување на најдоброто искуство и практики од Велика Британија во водењето и ефикасноста на обвинителските постапки.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ