вторник, 3 јуни 2025

„Стрежево“ од Битола, 12 години ќе стопанисува со истоимената акумулција

Јавното претпријатие „Стрежево” – Битола склучи договор со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за користење на рибите и другите водни организми за риболовно подрачје „Стрежево” за период од 12 години.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Од ЈП „Стржево“-Битола информираа дека стопанисувањето се однесува на рекреативната зона „Акумулација Стрежево”, но и на целото сливно подрачје од грчка граница до заштитната зона на самата акумулација.

„Сега се овозможува стабилно планирање на активности, долгорочно инвестициско одржување и поадекватна реализација на преземените права и обврски по договорот. Концесијата е особено значајна заради правилно управување, користење и заштита на водите и рибниот фонд, заштита на биoлошката разновидност, поттикнување и развој на рекреативниот и спортски риболо и заштита на животната средина“, соопштија од ЈП „Стрежево“-Битола.

Граѓаните заинтересирани за рекреативен риболов од 2 јуни ќе може да обезбедуваат дозволи за риболов кои ќе се издаваат во Управната зграда на претпријатието.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ