понеделник, 9 март 2026

Апасиев ја тужи Македонија во Стразбур: референдумот за „францускиот предлог“ стигна до ЕСЧП

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, во прва фаза, ја прифати апликацијата на жалителот, лидерот на Левица, Димитар Апасиев против Република Македонија за одбивањето на референдумската иницијатива од страна на тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, а во врска со парламентарните заклучоци донесени за таканаречениот (т.н.) Француски предлог за бугаризација на Македонија, информираа денеска од Левица.

Објавено на

часот

Сподели

Во апликацијата до Судот, Апасиев се повикува на член 1 од Протоколот XII (2000) и на член 14 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи (ЕКЗЧП), односно на општата забрана на дискриминација, а во врска со член 10 (слобода на изразување) и член 11 (слобода на собирање и здружување) од ЕКЧП.

„За осуда е тоа што претходно, сите редовни домашни судови се прогласија за ненадлежни да постапуваат по овој предмет, а Уставниот суд на РМ – дури по три години од поднесување на првичното Барање за заштита на слободите и правата на граѓанинот, истото го одби со паушално и правно неиздржано образложение. Со овој правен преседан, уште еднаш се покажува нестручноста и слабиот правен капацитет на уставните судии, кој воопшто не ја следат, ниту применуваат јудикатурата на ЕСЧП, што само по себе е поразително и недозволиво. Левица обзнанува дека правната битка за овој, но и за другите случаи, како што е оној за цензурата врз нејзе на последните Локални избори 2025 спроведена од страна на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (АВМУ) и на Државната изборна комисија (ДИК), исто така ќе ги изнесе пред ЕСЧП и очекува позитивен исход од истите. Но, истовремено, бараме правна и политичка одговорност за сите инволвирани во ваквото еклатантно кршење на човековите слободи и права на левичарите“, се наведува во соопштението на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ