среда, 11 февруари 2026

Стратешки план за туристички бум: Догодина 10.000 странски туристи во Мавровско-реканскиот регион

Онер Јакуповски, владиниот повереник, градоначалник на Општина Маврово и Ростуше имаше работна средба со претставници на македонски туроператри и делегација на водечки туроператори од азискиот континент. Главна тема на средбата беше воспоставување долгорочна соработка за промоција на нашиот регион на азиските пазари, со конкретна амбиција – 10.000 странски туристи во Мавровско-реканскиот регион во текот на 2026 година.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата се разговараше за хотелските капацитети и приватните сместувачки објекти во текот на целата година (преку сите четири сезони), за економскиот развој на локалните бизниси и поддршката за угостителите во регионот. Договорена е глобална промоција на природните убавини во Маврово и богатата културно-историска традиција на Реканскиот крај.
„Мавровско-Реканскиот регион поседува уникатен потенцијал кој е исклучително привлечен за туристите од Азија. Нашата цел е преку вакви партнерства да обезбедиме континуиран прилив на гости, што ќе значи директна инјекција за локалната економија и сигурна работа за нашите хотелиери. Општината ќе ги обезбеди сите потребни услови и инфраструктурна поддршка за овој план да стане реалност во 2026 година“, изјави Јакупоски.
Туроператорите од Азија изразија воодушевеност од автентичноста на регионот, нагласувајќи дека Маврово и Река нудат совршен спој на недопрена природа, гастрономија и традиција, што е главен приоритет за модерните светски патници.
Организатор на средбата беше македонскиот туроператор „DMC Balkans & Europe“.
Со овој чекор, Маврово и Ростуше се позиционира како сериозна и конкурентна дестинација на светската туристичка мапа, информираше општината.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ