недела, 21 декември 2025

Пожар се шири на автопатот Тетово-Скопје кај Карпалак (ВИДЕО)

Голем пожар вечерва зафати зелена површина на автопатот Тетово-Скопје кај месноста Карпалак. Читатели на МКД.мк сведочат за страшна гледка и велат дека едвај успеале да им избегаат на пламените јазици.

Објавено на

часот

Сподели

Засега нема информации за причините за пожарот и што се е зафатено со него.

МКД.мк испрати прашања до надлежните, а кога ќе добиеме одговори веднаш ќе ги објавиме.

Претходно, ЦУК извести дека до 14 часот на територијата на Македонија има вкупно осум пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четири се под контрола и три се изгаснати.

Активен е пожарот во Општина Кратово, под контрола се пожарите во Македонски Брод, Гевгелија, Желино и Гази Баба, изгаснати се во општините Виница, Радовиш и Битола.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ