„Засега пожарот не загрозува населени места ниту имот. Противпожарни екипи (ПП) се на терен. Во текот на ноќните часови поради пониските температури вообичаено ваквиот тип на пожари значително намалуваат со горење. Ноќното гаснење на вакви пожари на тешко пристапен терен е исклучително ризично. Безбедноста на луѓето секогаш е на прво место. Затоа и нашиот фокус е на превентивно поставување на ПП одбрана на населените места кон кои пожарот има потенцијал да се приближи“, изјави Ангелов.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарот кај село Церово моментално се шири кон Карпалак и скопскиот регион, но засега нема загрозени населени места или објекти.
„Екипите на терен работат на локализирање на пожарот, а директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, ја следи ситуацијата од терен и е во постојана комуникација со теренските екипи. Утре наутро се планира интервенција и со воздушни средства, а авион-ер тракторот ќе биде ангажиран рано изутрина.
Сите засегнати служби остануваат на терен и ја следат состојбата за брза и ефикасна реакција“, информираа од ЦУК.
Оттму уште информираа дека вечерва активни се пет активни пожари, три се ставени под контрола, а 19 се изгаснати. Активни се пожарите во кај селото Церово, Општина Желино (ниска вегетација и мешана шума), во кај селото Оздолени, Општина Дебарца (ниска вегетација), во селото Добри дол во Општина Врапчиште (ниска вегетација и стрниште), кај селото Могила во Општина Могила (стрниште) и кај езерото во Прилеп (ниска вегетација). Под контрола се ставени пожарите во Јасен, на планината Кожуф и кај селото Мерово во Општина Желино. Изгаснати се 19 пожари.