петок, 26 декември 2025

Стопанска комора: Ни треба дебата за БДП, за извозот, градежништвото, металургијата…

Во континуитет алармираме дека една мала земја како нашата, за да опстане, мора да има раст на БДП-то поголем од 5% и да го зголемува постојано извозот. Денеска можеме да констатираме дека раст на БДП од над 5% сме имале само во 2008 година, а денес извозот изнесува 7,64 милијарди евра, се вели во соопштението на Стопанската комора на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Фактите со години се истите, непроменети: извозот е концентриран во преработувачката индустрија и опфаќа над 85% од вкупниот извоз; во моментов нашите компании извезуваат само 370 производи со вредност над милион долари; 95% од македонскиот извоз се пласира само на 25 пазари.

Значи, предизвици колку сакате. Во 2010 година, Комората предложи комплетен нов економски модел за развој.

На стогодишнината од одбележување на коморскиот систем, во 2022 година, ја обзнанивме ‘Декларацијата на Стопанската комора за општествен консензус и за економски реформи, политики и мерки’, нов Рамковен договор за економски развој. Во меѓувреме се преструктуиравме како извозно ориентирана комора. Над 350 субјекти во државата ја потпишаа Декларацијата за општествен консензус, од сите чинители, сегашни и идни креатори на економските политики со која треба да се даде приоритет на економијата во однос на политиката во наредните 10 години и да се направи неопходниот пресврт. Прв тоа го направи сегашниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски. Неговата Влада сега има историска шанса да го смени текот на работите, во позитивна насока. Да ја затвори страницата на македонската транзиција и да ги отвори портите кон Европската Унија. Многу млади можеби ќе заминат, но ќе се вратат во поголем број, ако периодов го искористиме за развој на економијата. Таквата политика секогаш ќе биде поддржана од бизнисот.

Сите останати фактори, кои учествуваат во градењето на државата, мора да бидат на висина на историските задачи. Зголемувањето на БДП-то и извозот, секојдневно треба да бидат на дневен ред, а институциите да функционираат со полн капацитет“, соопшти Стопанската комора.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ