четврток, 11 декември 2025

Стоп за Вардариште во вторник на средба со Тошковски

И вечерва од 18 до 19 часот граѓани собрани околу иницијативата Стоп за Вардариште ги блокираа крстосниците пред мостот Близнак во Аеродром и кај Кванташки пазар во Маџари со барање за азатворање на Вардариште веднаш, пред избори.

Објавено на

часот

Сподели

Граѓаните во Аеродром беа информирани за синоќешните разговори со градоначалникот на Гази Баба, кој за првпат се појави на протестот во таа општина. Беше изразено незадоволство што тој не искажал конкретни ветувања поради, како што рекол, немање комуникација со градоначалничката на Скопје. За иницијативата Стоп за Вардариште е неприфатливо проблемите да не се решаваат поради немање лична комуникација и беше упатена пораката дека институциите мора да работат во интерес на граѓаните, особено за итни проблеми каков што е загадувањето на воздухот, а функционерските несогласици да ги остават на политичко – партискиот терен.

Со градоначалникот на Аеродром комуникацијата продолжува во добра насока, а за вторник е најавена средба со министерот за внатрешни работи. Од останатите институции, меѓу кои и од претседателката на Македонија, како што беше речено, продолжува игнорантскиот однос, иако во два наврати се испратени дописи од иницијативата со седум барања за решавање на проблемот со Вардариште.

Претставници на Стоп за Вардариште во недела ќе учествуваат на Скопскиот маратон и тоа ќе биде можност за пошироко запознавање на јавноста со причините за активностите на иницијативата и можност да се повикаат граѓаните на Скопје за учество на протестите чија цел е почист воздух за целиот град.

Инаку вечерашниот протест во Аеродром беше 33-ти по ред, а во Маџари – осми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ