понеделник, 8 декември 2025

Стојановски се пофали со промени на дело: За една година изградивме и пуштивме во употреба 71,2 километри експресен пат и автопат

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, изјави денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека Владата го завршила и пуштила во употреба експресниот пат Градско – Дреново, при што завршила две делници од 25,7 километри експресен пат, во крајно брз рок.

Додаде дека се завршени и пуштени во употреба се 25,5 километри од експресниот пат Куманово – Крива Паланка.

„Пред нецели два месеци пуштени се во употреба 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, и дополнително се очекува наскоро да биде пуштена уште една делница, а до крајот на 2026 година ќе биде пуштен во употреба целиот пат. Засилено се гради низ цела Македонија“, истакна Стојановски.

Тој додаде дека автопатот Тетово – Гостивар исто така треба да биде готов за две и пол години.

„Засилено се работи и на автопатот Прилеп-Битола кој се очекува да биде завршен и пуштен во употреба 2027 година. Во наредните три до четири години цела држава ќе биде испреплетена со автопатска мрежа и мрежа од експресни патишта. Македонија се трансформира. Промените на дело“, истакна Стојановски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ