„Официјално поднесовме пакет на предлог-измени на шест закони со кои го регулираме прашањето на платите на избраните и именуваните лица во државата. Основната цел на овие измени е воспоставување на поправична распределба на буџетските средства, при што платите на функционерите се усогласуваат со реалните економски услови во државата“, истакна Стојаноски.
Со предложените измени треба да е сменат платите на пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот и Обвинителскиот совет, како и градоначалниците.
„Со предложените решенија се врши интервенција во висината на коефициентите, со што се обезбедува рационално користење на средствата од буџетот. Измените се целосно во согласност со Уставот. Според предложените измени се предвидува платите на пратениците и функционерите во извршната власт да се намалуваат преку пониски коефициенти. Кај судиите и обвинителите се врши усогласување со економските можности, а за градоначалниците се воведува нова скала според бројот на жители“, рече Стојаноски и додаде дека заштедените средства ќе се пренаменат за здравство, образование и социјала, а намалувањето ќе важи веќе со исплатата на февруарската плата.
За утре е закажана пленарна седница на Собранието на која ќе се гласа за овие предложени измами.






