Стојаноски појасни дека во Министерството за правда е формирана работна група која интензивно работи на изработка на целосно нов Кривичен законик, усогласен со европските директиви и стандарди, чија примена се очекува во 2026 година.
Тој додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела предлог-измена со цел да се спречи поништување на одредби од Кривичниот законик, што би довело до целосна амнестија на активните судски предмети и би се создала сериозна правна празнина.
„Во државава во моментов има два процеса од аспект на Кривичен законик. Еден којшто се подготвува во Министерството за правда и е дел од Реформската агенда, тој ќе биде донесен 2026 година. И ова преодно решение што ние како група на пратеници го поднесовме за да спречиме амнестија на една поголема група на луѓе кои сториле кривични дела под овие квалификативи, но и за да ја обезбедиме правната држава барем додека не го донесеме новиот КЗ“, истакна Стојаноски.






