петок, 13 јуни 2025

Стојанче Ангелов во работна посета на Јапонија

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со раководителот на Секторот за аналитика во ЦУК, Стевко Стефаноски, од денеска до петок се во работна посета на Јапонија. Целта на посетата е размена на искуства и добивање знаења во пресрет на националните активности за реформи на системот за управување со кризи и заштита и спасување.

Објавено на

часот

Сподели

Утрово во Токио одржана е работна средба со Ито Теројуки (Ito Teruyuki), генерален директор на секторот за Глобална животна средина во генералната дирекција на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), а во текот на денот ќе се одржат и средби со други високи претставници од оваа институција.

Во текот на утрешниот ден делегацијата од Македонија ќе биде гостин на Јапонската вселенска агенција каде што ќе разговараат за можности за добивање корисни податоци и продукти преку јапонската сателитска мрежа во функција на управување со ризици од катастрофи.

Во Токио ќе се остварат работни средби и во Агенцијата за менаџмент на пожари и катастрофи, каде што ќе се запознаат со јапонскиот генерален систем за менаџирање на катастрофи, понатаму, јапонскиот систем за временска прогноза и мониторинг на шумските пожари како и Системот за рано предупредување на вулкански активности и шумски пожари и Националниот институт за истражување на земјата и отпорност на катастрофи.

Во Кјото делегацијата од ЦУК ќе ја посети градската противпожарна служба.

Во Кобе ќе имаат работна средба во седиштето на префектурата Хјого со цел да се запознаат со планирањето за заштита од природни непогоди и ќе се оствари теренска посета на планината Роко заради увид во технички градби за превенција од ерозија и свлечишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ