сабота, 21 јуни 2025

Стојанче Ангелов нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување, најавено е обединување со ЦУК

Стојанче Ангелов, досегашниот директор на Центарот за упрaвување со кризи (ЦУК) од денеска е нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Ангелов на оваа позиција доаѓа на местото на Џеват Селами од коалицијата Вреди, кој е во домашен притвор во истрагата за пожарот во  Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

За директор на ЦУК ќе биде поставен кадар на Вреди.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на надзорната расправа во Собранието најави обединување на ЦУК и ДЗС.

Мицкоски откри дека лани воздухопловите за гаснење пожари биле приземјени и нефункционални, а целокупниот систем за интервенција бил без протокол и со недоволна координација.

„Минатата година трите воздухоплови кои ги имаме на располагање за гаснење на пожари беа приземјени, не беа сервисирани, немаа употребна дозвола за да може да бидат управувани. За жал, пилотите беа незадоволни и во пензија и моравме да ги враќаме. Немаше никаков официјален протокол како оди вертикалната оска на команда да се справиме со пожарите“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека оваа година Владата презема мерки за подобрување на системот, вклучувајќи и преструктуирање на институциите кои се задолжени за справување со пожари.

„Има дуализам – Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) и Центар за управување со кризи (ЦУК), и тоа мора да се промени. Веќе од октомври почнавме процес на спојување на двете институции во една, и тоа е барање и на НАТО како реформа. Мора да знаеме која институција дојавува, кој командува и кој има одговорност“, рече премиерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ