четврток, 19 февруари 2026

Стојанче Ангелов на средба со Клаус Михаил Грубер

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска се сретна со Клаус Михаил Грубер (Klaus Maichael Gruber), полициски аташе во Амбасадата на Австрија во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата беа разменети мислења за досегашната билатерална, но и соработката во рамките на ЕУ-механизмот за цивилна заштита, во операциите за справување со пожарите, а и за време на ковид-пандемијата, при што идните чекори се во насока на продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете институции и држави.

Како што информираат од ДЗС, директорот Ангелов на средбата посочил дека во согласност со современите текови во доменот на справувањето со кризи, заштитата и спасувањето, се настојува да се продлабочи билатералната соработка помеѓу двете институции и држави. Истовремено, се заблагодарил на поддршката што Австрија ѝ ја дава на Македонија при справувањето со катастрофи од поголеми размери.

Австрискиот полициски аташе, Клаус Михаил Грубер, ја актуализира потребата од потпишување на меморандумот за соработка помеѓу Федералното министерство за внатрешни работи на Австрија и ДЗС за соработка во доменот на превенција од природни и предизвикани од човек катастрофи и за отстранување на последиците од нив.

Инаку, посочуваат од ДЗС, текстот за меморандумот е подготвен во периодот од 2021 до 2022 година и ќе се ревидира и подготви за потпишување, што ќе биде во насока на продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете институции и држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ