„Но, подеднакво важен е начинот на кој се носат и се спроведуваат законите. Ако ова го ставиме во контекст на индустријата на игрите на среќа, постојат јасни и поучни примери од соседството. Секое ригидно и популистичко решение, донесено без дијалог со засегнатите страни, секогаш доведувало до појава на ‘диви’ играчници по подруми и нелегални простории каде на црно се организираат игри на среќа, без никаква контрола од државата, без заштита на играчите и без приходи во буџетот. Таму каде што државата се служи со избрзано рестриктивни мерки, сивата економија наоѓа плодна почва. Не случајно, ако Кнежевството Монако важи за симбол на европски гламур, ред и високи стандарди, секој може да провери дека во неговите светски реномирани казина постојат јасно дефинирани, соодветно уредени пушачки зони во затворен простор. Не затоа што пушењето е пожелно, туку затоа што е контролирано, регулирано и ставено во рамка што го штити и здравјето и редот“, вели тој.
Според него, и за оваа тема може да направиме компарација со соседството па посочува дека Белград е одамна регионален центар за гастрономска понуда и забава, меѓу другото и затоа што има полиберален пристап кон забраната за користење никотин. Тоа секако не значи дека Србија не го штити здравјето на своите граѓани, но прави некаков баланс, бидејќи приходите од туристите имаат големо позитивно влијание врз нивната економија, истакнува Стоименов.






