вторник, 27 јануари 2026

Стоилковиќ: Вредностите на Свети Сава се темел на соживотот и заемното почитување

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, по повод одбележувањето на Свети Сава, националниот празник на Србите во Република Македонија, упати честитка до припадниците на српската заедница во земјата.

Објавено на

часот

Сподели

Во честитката Стоилковиќ истакнува дека ликот и делото на свети Сава се длабоко вградени во темелите на духовноста, образованието и човекољубието и претставуваат универзални вредности, кои со векови ги поврзуваат народите на Балканот придонесувајќи за меѓусебно почитување, разбирање и соживот.

Тој нагласи дека токму врз тие вредности државата останува цврсто посветена на унапредувањето и заштитата на правата, идентитетот и културното изразување на сите заедници, како и на јакнењето на меѓусебната доверба, дијалогот и заедничките европски вредности.

Стоилковиќ им посака на припадниците на српската заедница празникот да го одбележат во мир, здравје и достоинство водејќи се од вредностите што ги промовира свети Сава.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ