вторник, 15 јули 2025

Стоилковиќ со турскиот амбасадор во посета на подрачните училишта во Бучим и Тополница

Заменик-претседателот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна посета на двете подрачни основни училишта во општина Радовиш – ПУ „Никола Карев“ во селата Бучим и Тополница. Целта на посетата беше да се истакне важноста на унапредувањето на образованието на мајчин јазик, како и да се потврди континуираната поддршка на Владата кон етничките заедници во земјата. На настанот присуствуваше и делегација од Амбасадата на Република Туркије во Скопје, предводена од амбасадорот Фатих Улусој.

Објавено на

часот

Сподели

Во овие училишта наставата од прво до петто одделение се изведува на турски наставен јазик, што претставува значаен чекор во зачувувањето на културниот и јазичниот идентитет на турската заедница.

Делегацијата ајпрво го посети подрачното училиште во село Бучим, каде учениците приредија кратка свечена програма со рецитации. Делегацијата беше срдечно пречекана од наставниците и учениците. Во продолжение, делегацијата го посети и подрачното училиште во село Тополница, каде што се разговараше за тековните услови за работа, инфраструктурата и потребите на наставниот кадар и учениците.

Вкупно 53 ученици посетуваат настава во овие две подрачни училишта, што ги прави значајни образовни јадра за локалната заедница.

Присуството на дипломатскиот претставник е доказ за добрата билатерална соработка меѓу двете земји и поддршката на Република Туркије за образованието на турската заедница во земјава.

Стоилковиќ ја истакна определбата на Владата за создавање инклузивно и квалитетно образование за сите граѓани, без разлика на нивната етничка или јазична припадност. Тој се сретна и со дел од локалното население кое го запозна со условите во кои живеат, но и проблемите со кои се соочуваат секојдневно, се вели во соопштението на Министерството за односи меѓу заедниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ