четврток, 19 февруари 2026
Локални избори

Стоилковиќ носител на листата на советници на Куманово

Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, ќе биде носителот на советничката листа на Демократската партија на Србите во Македонија за Општина Куманово за локалните избори во октомври. ДПС вчера ја достави листата на советници до Општинската изборна комисија.

Објавено на

часот

Сподели

На листата на ДПС се и д-р Бобан Јаќиноввиќ, Рената Пандуровиќ, д-р Срѓан Ѓорѓевиќ, Владимир Митиќ, Александра Тасиќ, Бошко Тасиќ, д-р Гордана Николиќ, Мартин Величковиќ, и Роза Ташиќ.

„Братска листа. Сериозна листа. Јака листа. Со овие имиња се потврдија прогнозите дека оваа листа ќе биде сериозен играч на локалните избори во октомври. Тешката артилерија  извадена  последните два дена го потврдија тоа. Докторите Гордана, Фефе, Срѓан и Бобан, заедно со Рената Пандуровиќи, Бошко Тасиќ, Марко Трајковиќ и Симона Тоскиќ…, тука е и Горан Јовановиќ – Кебап… Со среќа на изборите“, велат од Демократската партија на Србите во Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ