понеделник, 15 декември 2025

Стоилковиќ на прием кај Вучиќ во чест на млади спортисти од спортско-едукативен камп

Иван Стоилковиќ, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците во македонската Влада присуствуваше на прием во Белград организиран од српскиот претседател Александар Вучиќ, посветен на учесниците во годинешниот спортско-едукативен камп. На настанот беа претставени и деца од Македонија, дел од рекордните 436 учесници од 18 земји.

Објавено на

часот

Сподели

Стоилковиќ, присуствуваше на прием организиран од претседателот на Србија во чест на младите спортисти учесници во кампот „Србија те зове 2025“, соопшти Владата.

Шестиот по ред спортско-едукативен собир на деца и млади од дијаспората се одржува во комплексот на Домот на ученици од средните училишта „Патријарх Павле“ во Белград, а годинава на него учествуваат и деца од Македонија.

Приемот во Палатата Србија, освен Стоилковиќ, го посетија и српскиот министер без ресор задолжен за односи со дијаспората Ѓорѓе Милиќевиќ, како и српскиот министер за спорт Зоран Гајиќ.

Кампот годинава бележи рекордни 436 учесници од 18 земји, меѓу кои најбројни се од Босна и Херцеговина и од Македонија. Покрај спортските активности, програмата вклучува воспитно-образовни содржини, меѓусебно дружење и создавање нови пријателства, како и запознавање со историјата и туристичките атракции на Белград.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ