„Како ќе живееме со македонскиот народ овде заедно ако немаме елементарно чувство за нивните проблеми… Тврдењата на Албанците дека доколку Македонците не сакаат во ЕУ, тие сами ќе одат таму се манипулација уште од времето пред полноправното членство на земјава во НАТО. И тогаш велеа ако не сакаат Македонците во НАТО ние ќе одиме сами. Македонија дефакто е 30 години во НАТО, а официјално е пет години членка“, рече Стоилковиќ на Канал 5.
За најавите за промена на грбот рече дека смета оти само ќе предизвикаат да се направи спирала на дестабилизација и да се отворат многу прашања.
„Моменталните околности кај нас не се погодни за спроведување операција од пошироки размери“, истакна Стоилковиќ.
За Судскиот совет, пак, порача дека воопшто нема да беше споменуван во јавноста и во медиумите доколку си ја вршеше добро својата работа.
„Тефтерчињата на ВМРО-ДПМНЕ за судството се мали скрипти, а на СДСМ се огромни томови“, посочи Стоилковиќ за обвинувањата од опозицијата дека власта се меша во работата на судството.






