Затоа, додава Стоиљковиќ, овој ден нека биде можност да се афирмира важноста на меѓусебното почитување, разбирање и соработка како предуслов за одржлив развој, социјална кохезија и мир. Културната разновидност, вели, не претставува само богатство, туку и сила што ги поттикнува креативноста, толеранцијата и заемното почитување.
„Нека овој ден нѐ потсети дека со вреднување на различноста, придонесуваме кон изградба на праведно, инклузивно и демократско општество, а со почит кон секоја култура – чекориме заедно кон поинклузивно и хармонично општество. Нека културата биде наш заеднички јазик“, вели вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците со честитка по повод 21 Мај – Светски ден за културна различност за дијалог и развој.