Како што информираат од Министерството за односи меѓу заедниците, во текот на средбата, соговорниците размениле искуства и добри практики во креирањето и спроведување на јавни политики насочени кон заштита и унапредување на правата на заедниците, со посебен акцент на инклузијата, еднаквите можности и општествената кохезија.
„Беше истакната и потребата од интензивирање на соработката меѓу надлежните институции, како и од воспоставување поцврсти механизми за размена на информации и експертска поддршка“, пишува во соопштението.
Соговорниците ја потенцирале и улогата на регионалната соработка како клучен фактор за стабилност, развој и заемна доверба, при што изразиле подготвеност за понатамошно продлабочување на билатералните односи преку редовна комуникација и конкретни заеднички активности.
„Средбата беше оценета како конструктивна и значајна, со јасна заедничка визија за унапредување на партнерството меѓу РС Македонија и Р Србија во духот на добрососедство и меѓусебно почитување“, се наведува во соопштението.






