вторник, 6 јануари 2026

Стивен Ивановски по кого трагаше семејството по пожарот во Швајцарија е пронајден починат

16 годишниот Стивен Ивановски по кого трагаше семејството по пожарот што се случи во швајцарскиот зимски туристички центар Кран-Монтана е меѓу загинатите во пожарот во швајцарскиот бар. Неговото тело е идентификувано врз основа на ДНК анализа, потврди поладнево македонската Влада.

Објавено на

часот

Сподели

Трагичната вест ја потврдија и од македонската Влада, а неговото тело било идентификувано врз основа на ДНК анализа.

„Има потврда од Берн, телото е идентификувано. За жал, станува збор за починато лице. Член на семејството потврдило согласно ДНК анализа. Изразуваме длабоко жалење и сочувство“, велат од Владата.

Ивановски се водеше за исчезнат по пожарот во дискотеката во Кран-Монтана, а неговото семејство преку социјалните мрежи бараше помош за негово пронаоѓање.

Ивановски е меѓу четворицата засега идентификувани од швајцарската полиција. Останатите се две девојчиња на возраст од 21 и 16 години и уште едно момче од 18 години, сите швајцарски државјани. Истовремено, потврден е идентитетот на 113 повредени лица. Меѓу нив има 71 Швајцарец, 14 Французи, 11 Италијанци, четворица државјани на Србија и по еден од Босна и Херцеговина, Белгија, Луксембург, Португалија и Полска.

Бројот на загинати достигна 50, а над 120 се повредени. Педесетина од нив се префрлени во болници во Италија, Франција и други европски земји на специјализиран третман.

Помош понуди и Македонија, но од Министерството за здравство велат дека од швајцарските здравствени власти добиле одговор дека во овој момент се фокусираат на поддршка и капацитети од соседните земји и земјите од говорното подрачје на повредените.

Премиерот Мицкоски изрази сочувство до семејствата на загинатите.

Швајцарската полиција денеска соопшти дека е отворена кривична истрага против двајцата менаџери на барот.

„Тие се обвинети за убиство од небрежност, предизвикување телесни повреди од небрежност и предизвикување пожар од небрежност. Треба да се напомене дека презумпцијата на невиност се применува сè додека не се донесе правосилна пресуда“, соопшти полицијата на кантонот Вале, каде што се наоѓа Кран-Монтана.

Првичните резултати од истрагата за пожарот на новогодишната ноќ укажуваат на тоа дека пената на таванот се запалила поради искри од прскалки кои биле поставени на шишиња со пијалак. Пожарот се проширил за многу кратко време.

Менаџерите на барот, брачниот пар од Франција Жак и Џесика Морети, изјавија за медиумите дека се скршени од трагедијата и дека соработуваат со властите за расветлување на катастрофата и дека досега биле сослушани само како сведоци.

Тамошното обвинителство отвори истрага и засега нема осомничени. Ќе се проверуваат безбедносните мерки, бројот на гости и условите во барот.

Оваа трагедија се смета за една од најтешките во поновата историја на Швајцарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ