недела, 14 декември 2025

Стевче Јакимовски пак ќе се кандидира за градоначалник на Карпош

Стевчо Јакимовски, актуелниот градоначалник на скопската општина Карпош, денеска официјално најави дека ќе се кандидира за нов мандат.

Објавено на

часот

Сподели

„Одлуката ја донесов по долготрајни консултации со граѓаните и по внимателно следење на јавното мислење. Сите ме знаете, мојот телефон е отворен и комуницирам со секого – токму тоа е доказ дека постои силна поддршка и желба повторно да ја водам општината,“ истакна Јакимовски на денешната средба со новинарите.

Тој подвлече дека довербата од граѓаните не се должи на симпатии, туку на конкретни резултати. „Карпош е 10 до 15 години пред која било општина во Македонија. Имаме модерна инфраструктура, реновирани училишта и градинки, подобрени услови за образование и спорт, како и подготвена администрација која стои зад секој реализиран проект,“ додаде Јакимовски.

За него остануваат предизвиците како паркирањето и одржувањето на хигиената и зеленилото. „Ќе инсистираме на нови законски решенија за хигиената и зеленилото, затоа што е недозволиво десетина градоначалници и стотици функционери да бидат надлежни, а резултатите да бидат катастрофални. Одговорноста мора да е јасна и да дојде кај локалната самоуправа,“ нагласи тој.

Јакимовски најави нови стимулации за бушотини и системи за наводнување, субвенции за електрични возила во општината, поголем акцент на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина.

„Карпош мора да има свој пензионерски дом со капацитет од 150 до 200 легла. Тоа е голема потреба за нашите повозрасни сограѓани, и како општина ќе вложиме напори да обезбедиме финансиска конструкција за реализација,“ изјави Јакимовски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ