недела, 7 декември 2025

Стерјовски на средба со Дер Вале за правично општество за малцинствата во Албанија

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Леуварден, Холандија се сретна со европратеничката Ракел Гарсија Хермида ван дер Вале.

Објавено на

часот

Сподели

„Посебна чест и задоволство беше да остварам средба со почитуваната европратеничка, Дер Вале, која е голем поддржувач на правата на малцинствата во Европскиот парламент. На средбата ја запознав со положбата на малцинствата, особено на македонското малцинство во Албанија, и со предизвиците со кои се соочува во зачувувањето на својот идентитет, јазик и култура“, информираше Стерјовски.

Посочува дека се договориле преку Интергрупата за традиционални малцинства, национални заедници и јазици во Европскиот парламент да адресираат повеќе прашања поврзани со правата на малцинствата во Албанија, во контекст на европската интеграција и членството на Албанија во Европската унија.

„Верувам дека со заеднички ангажман и европска поддршка ќе придонесеме кон создавање на послободно, правично и инклузивно општество за сите малцинства во Албанија“, нагласува Стерјовски во објава на фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ