понеделник, 8 декември 2025

Стегна зимата, во Битола измерени -18 степени, во Берово -19

По врнежите од снег, ведрото небо и студениот бран што се симна од север придонесоа нагло температурите да се спуштат во текот на ноќта и особено во раните утрински часови. Во Битола во 7 часот се измерени -18 степени, а во Берово -17. Над нулата беше само во Гевгелија каде се измерени 1 степен.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

Kaко што покажуваат актуелните податоци на УХМР, минус 18 степени се измерени и во Демир ХисарВ, во Делчево се измерени -14 степени, во Гостивар, Јегуновце и Македонски Брод -12, во источниот дел на Скопје -11 степени, а под нулата е измерена температурата и во цела Македонија, со исклучок на гевгелискиот крај.

Студено и ведро време се прогнозира за денеска, температурите ќе се движат од -4 во повисоките места од западна Македонија, до плус 5 степени на југоистокот од земјата. Но наредното утро повторно ќе биде многу студено, на места се очекува температурата да се спушти до -17 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ