четврток, 18 декември 2025

Стефковски сруши објект во Инџиково и порача дека нема компромис со законот (ВИДЕО)

Во раните утрински часови во скопската населба Инџиково започна акција за рушење на бесправно изграден објект, соопшти градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Акцијата е дел од, како што наведува, засилените активности на општината во борбата против бесправната градба и таканаречената „урбана мафија“.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите, објектот во моментот на интервенцијата бил во приземје, во карабина фаза, со јасна намера за надградба на уште еден кат. И покрај тоа што градежниот инспектор претходно донел решение за стопирање на градбата и затворање на градилиштето, сопственикот не постапил по решението и продолжил со градежни активности, што било основ за отстранување на објектот.

Акцијата започнала околу 05:00 часот наутро, а, како што информира Стефковски, била спроведена со претходна координација со Министерството за внатрешни работи, со цел да се обезбеди непречено и безбедно спроведување на законските постапки.

„Компромис со почитувањето на законот нема“, порача градоначалникот, нагласувајќи дека Општина Гази Баба ќе продолжи со доследна примена на законите и со еднаков однос кон сите граѓани.

Стефковски упати апел до граѓаните да не започнуваат градба без соодветно одобрение и да ги почитуваат законските процедури. Според него, воспоставувањето ред во урбаното планирање е клучно за заштита на јавниот интерес и за одржлив развој на општината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ