Според адвокатот Никола Ставрев, бранител на Васев, медицинските докази кои Обвинителството ги приложува во постапката се вештачења направени во Словенија од, како што рече, вешто лице кое, во суштина, не било вешто лице туку „обичен доктор онколог“.
„Мислам дека сте запознати дека докази немаат. Она што го прилагаат како медицински доказ е всушност вештачење од Словенија кое е направено од вешто лице, кое во суштина, не е вешто лице, туку обичен доктор онколог. Во однос на стручноста, не е квалификуван да дава наводи во судска постапка“, рече Ставрев.
На новинарско прашање поврзано со денешните сведочења дека од терапијата која што им била давана на пациентите на Онкологија од страна на Васев им се влошувала здравствената состојба, Ставрев кусо одговори „сметам дека тоа не е точно и дека се на тоа наведени од Јавното обвинителство“.






