„Во 19:43 часот добиена е дојава за настанат пожар во напуштена куќа на улица ‘Самоилова’ . Веднаш беа испратени три противпожарни возила кои со самото пристигнување затекнаа пожар во развиена фаза. Пламените јазици беа илезени надвор од кровната конструкција и од габаритите на самиот објект“, изјави Звонко Томевски, командант на ППЗ Скопје.
Потоа, како што наведе тој, испратени се дополнително уште две возила и на местото на настанот се 20 пожарникари кои интервенираат.
„Пожарот за кратко време е ставен под контрола. Успешно е интервенирано и не е дозволено пожарот да се прошири на соседните објекти. Сега се работи на догасување и на расчистување на теренот“, рече Томевски.
Причините за пожарот, како што кажа, полицијата треба дополнително да ги утврди.
Според неофицијални информации во опжарената куќа најчесто се собирале бездомни лица.






