сабота, 7 јуни 2025

Статистика: Негативен природен прираст во првите три месеци

Државниот завод за статистика објави дека во првите три месецу од 2025 година во Македонија регистрирани се 1.846 бракови или за 25,8% помалку во споредба со истиот период лани. Регистрирани се 465 разведени бракови, што претставува намалување од 22,1 % во споредба со истиот период од 2024 година.

Објавено на

часот

Сподели

Во првото тримесечје од 2025 година бројот на живородени деца е 3.526 и во споредба со истиот период лани намален е за 2,9%.

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 3,8% во споредба со истото тримесечје од 2024 и изнесува 5.398 лица. Од нив, 15 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува минус 1.872, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ