четврток, 22 јануари 2026

Стаменкоска-Трајкоска: Општина Кисела Вода инвестира во спортската инфраструктура

Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, изврши увид во спортската сала „Независна Македонија“, која се наоѓа во кругот на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, каде што се реализираа повеќе зафати за унапредување на условите во овој спортски објект.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамките на извршените активности набавени и монтирани се нови ЛЕД-рефлектори со моќност од 200 и 400 W, кои се енергетски ефикасни и еколошки, со што значително е подобрено осветлението во салата. Дополнително, извршена е замена на сигурносните вентили за висок притисок на топловодната инсталација, како и зајакнување на покривната конструкција – информираат од општинската прес-служба.

Сите зафати се реализирани во согласност со актуелните потреби и важечките стандарди, со јасен фокус на безбедноста и подобрување на условите за учениците и корисниците на салата.

„ Унапредувањето на спортската инфраструктура е наша обврска, но и искрена желба. Со овие инвестиции обезбедуваме побезбедни и поквалитетни услови за спорт и физичка активност на нашите деца. Верувам дека вложувањето во вакви објекти директно придонесува за здрав развој, спортски дух и позитивни навики кај младите. Ќе продолжиме посветено да работиме на создавање подобри услови за образование, спорт и развој на младите генерации“, изјави градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ