вторник, 3 март 2026

Стабилно и потопло време до петок, за викенд дожд и снег на планините

Утре и во петок во земјава ќе се задржи стабилно и потопло време, со услови за појава на утринска магла по котлините, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на утрешниот ден минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до -1 степен Целзиусов, додека максималните дневни температури ќе бидат од 6 до 13 степени.

Според прогнозата на УХМР, за време на викендот се очекува зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планински предели врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури повторно ќе бидат во опаѓање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ