среда, 21 јануари 2026

ССМ в среда организира протест за повисоки плати

Сојузот на синдикати (ССМ) во среда организира протест незадоволни од незголемувањето на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Протестот ќе почне од 17 часот од зградата на ССМ и ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата.

Објавено на

часот

Сподели

Од ССМ ги повикаа сите работници на кои не им е зголемена платата да се приклучат на протестот.

„Време е заедно да се избориме за достоинствени плати заедно со работниците. Ги повикуваме сите работници на кои не им биле зголемени платите, сите работници кои се чудат како да го врзат крај со крај во месецот, работниците кои ги лажеле газдите дека ќе им ги зголемат платите, да ни се придружат на улица затоа што тие до 31 декември не се договорија да ги зголемат работничките плати и да го унапредат работничкиот стандард. Ги повикуваме работниците затоа што прагот на сиромаштија е 31.200 денари во Македонија, а 33 проценти од 540 илјади работници живеат под прагот на сиромаштија, односно одат на работа, а се сиромашни“, рече претседателот на ССМ Слободан Трендафилов по денешната заедничка седница на највисоките органи на ССМ на која едногласно беше донесена одлуката на протест.

Тој најави дека можно е ССМ да соберат 10.000 потписи со што ќе станат овластен предлагач за намалување на функционерските плати за 78 проценти и зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на останатите плати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ