Истите тие работодавачи кои ја очекуваат поддршката од Владата од 250 милиони евра, го поткрадуваат Буџетот за исто толку 250 милиони евра кои не влегуваат во државната каса поради непријавените работници кои сочинуваат 11,8 отсто од вкупниот број на вработени, велат од ССМ.
„Не ја гледаме оправданоста работодавачите да добијат половина милијарда евра на поклон од државата (пари од кредитот и пари кои работодавачите не ги плаќаат во Буџетот, а кои потоа ги враќаат и работниците и граѓаните), а Владата и работодавачите да имаат изговор за да не се зголеми минималната плата веднаш на 450 евра, како и да не се зголемат платите во приватниот и во јавниот сектор. Синдикатите можат да имаат активна улога во контролата и во спречувањето на злоупотребата на овие средства ако главен критериум биде срествата да се доделат на компании кои го почитуваат социјалниот дијалог, немаат злоупотребено буџетски средства, не се казнувани за прекршување на работничките права и имаат синдикат на ниво на работодавач, а сѐ во спротивно ќе биде поклон или злоупотреба“, децидни се од ССМ.






