Денеска работниците имаат многу причини да протестираат, а малку да празнуваат. Денеска протестираме за плата, денеска одиме пред Собрание, Стопанска комора и Влада да кажеме дека бараме 500 евра минимална плата, дека бараме за 100 евра зголемување на сите останатите плати, да бараме почитување на колективните договори за зголемување на платите и дека бараме пристојна плата за секоја работа, истакна Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.
Меѓународниот ден на трудот е државен празник во над 80 земји во светот. Се одбележува на 1 Мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што во 1886 година се одржал во Чикаго на кој се барало осумчасовно работно време.
Во 1889 година на основачкиот конгрес на Втората интернационала е донесена Декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации со цел да се подобри нивната положба. Оттогаш во повеќето држави низ светот се одржуваат протестни маршеви.